Поранешниот јапонски премиер Јоширо Мори го осуди украинскиот претседател Влодимир Зеленски дека им нанел страдање на многу негови сограѓани, се вели во статија објавена на веб-страницата на весникот „Никеи“ во неделата.
„Зошто сите го критикуваат рускиот претседател Владимир Путин, но никој не го критикува Зеленски? Тој предизвика страдање на многу Украинци“, рече поранешниот премиер, говорејќи на настан организиран од Мунео Сузуки, член на Горниот дом на парламентот, во Токио.
„Јапонските медиуми практикуваат едностран пристап, тие дејствуваат во согласност со западните извори на информации. Не можам да не забележам дека користат само американски и европски медиумски публикации“, истакна Мори.
Дополнително, Мори изрази мислење дека САД зазеле еднострана позиција за ситуацијата околу Украина, што влијаело на ставот на јапонскиот премиер Фумио Кишида по ова прашање.
Јоширо Мори (85) беше премиер на Јапонија од април 2000 до април 2001 година.