Зеленски прекори западни лидери и медиуми за дестабилизирање на економијата на Украина

Западни лидери и медиуми создаваат лажен впечаток дека утре ќе избие војна во Украина, што ја дестабилизира економијата на земјата и ќе создаде потреба да се потрошан најмалку четири до пет милијарди долари за нејзино стабилизирање, изјави во петокот уракинскиот претседател Владимир Зеленски во интервју за неколку странски медиуми.

„Дојдоа сигнали дури и од почитувани шефови на држави кои веќе отворени говорат на недипломатски јазик дека утре ќе имаме војна. Во Англија, Германија, Франција, Литванија, медиумите даваат впечаток дека имаме војна, дека војски се движат по патиштата, имаме мобилизација. Но, тоа не е така. Не ни е потребна оваа паника“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Посочи дека поради паниката околу ситауцијата на украинската граница со Русија, од Украина се повлечени веќе 12,5 милијарди дилари.

„Нашата држава не може самата да се справи со ваквите предизвици. Ќе ја стабилизираме националната валута од државните резетви, но тоа е многу ќе ја чини Украина. Сметам дека за стгабилизацијата на нашата економија ќе потрошиме повеќе од 4/5 милијарди долари и не сметаме на помала сума, бидејќи навистина ние потребен тој износ“, оценува Зеленски.

Притоа изразува надежи дека САД ќе пружат финансиска помош за Киев, а Меѓународниот монетарн фонд (ММФ) ќе ја забрза доделувањето на кредитните транши.

 

Дестабилизација во Украина

Зеленски вели дека дестабилизацијата во Украина е најголемиот ризик за нејзиниот суверенитет.

„Најголемата опасност за суверениетот на нашата држава, и тоа е мислењето на сите партнери, не можам да зборувам за специфики, но најголем ризик е дестабилизацијата во нашата држава. Тоа е можеби најслабата ситуација во Украина“, додава претседателот.

Зеленски смета дека ризиците може да бидат намалени доколку „се обединат народот, армијата и властите“.

„Единството во власта, довербата во сегашниот претседател и сфаќањето на некои политичари дека се поранешни и идни претседатели, токму тоа разбирање – мудро, чесно и легално, ја прави нашата држава обединета и силна. Ако сме обединети со народот, армијата и стабилната власт, тогаш ризиците од ескалација ќе се намалат“, истакнува украинскиот челник.

 

Веројатност за војна со Русија

Зеленски побара од странските медиуми внимателно да се коментира прашањето за можна војна со Русија во ескалацијата на ситуацијата околу отцепените самопрогласени проруски републики во областа Донбас.

„Завчера имаше состанок на советниците од Нормандскиот формат (кој го сочинуват Германија, Франција, Украина и Русија). Мислам дека таа (веројатноста за војна) е висока, но имаше средба. Односно, доколку ова не е само политички пиар и сето тоа е многи сериозно, тогаш тоа се чекори кон дијалог за мирно репавање на процесот“, вели Зеленски.

Според украинскиот претседател, тоа сугерира дека „е неопходно да се зборува многу внимателно секој ден, секоја минута, секоја секунда, дека утре ќе има војна“. Зеленски смета дека е невозможно со сигурност да се каже дали и кога ќе има војна, но дека „може да се случи“ и притоа бара на тоа да се „стават три точки“.

„Доколку има тотална војна, тогаш ќе има војна не само со Украина или не само со територии на нашата држава. Тоа ќе биде хибридна војна, информациска, кибернетичките напади“, појаснува украинскиот претседател.

Погрешна е прозицијата на Соединетите држава за ескалација на ситуацијата, неочекувано коментира Зеленски.

„Не мислам дека Блата куќа греши во својата анализа. Верувам дека тие денес се учесници во ситуацијата којашто се разви околу нашите граници. Бидејќи Белата куќа сфаќа дека постојат ризици, постојано зборуваат за тоа, постојано ја поддржуваат оваа тема и ја прават максимално остра. Според мене, тоа е погрешно“, вели Зеленски.

Додава дека таквите „сигнали предизвикуваат многу моќна реакција во светот“ и истакна, исто така, дека е погрешна позицијата на САД во врска со евакуацијата на дипломатскиот кадар и нивните семејства од Киев.

„Тоа се погрешни и претерани чекори коишто не ни помагаат“, истакнува Зеленски и истовремно им се заблагодари на САД за воената и финансиската помош на Украина.

„Но јас не можам едноставно благодарен, како и многу други земји, само затоа што тоа се Соединетите држави. Сакам да биде пријатели, за навистина да бидеме партнери. Не сакам да ве лажам“, заклучува Зеленски.