Зеленски разреши тројца регионални гувернери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот смени тројца регионални гувернери, вклучувајќи го и лидерот на југоистониот регион Луганск со доминатно руско и рускојазичн население кој повеќе од 95 отсто е под контрола на руските сили.

Не се наведуваат причините за отказите, кои на социјалната мрежа Telegram ги објави владин претставник во парламентот.

Гувернерот на Луганск, Серхиј Хајдај, често ги коментираше борбите во тој регион на североистокот на земјата, кој граничи со Русија, но по превратот во Киев во 2014 година се отцепи а по референдумот од септември минатата 2022 година се приклучи на Руската Федерација што не го признава Украина и меѓународната заедница.

Зеленски го разреши и гувернерот на Одеса, пристанишен град исто така со мнозинско проруско население, на Црното Море и на западниот Кнелнички регион.

Зеленски, последните месеци по изостанувањето на долгонајавуваната офанзива е многу чувствителен на западните критики за ендемски распространетата корупција во Украина, забележана дури и во услови на воена состојба на земјата по руската инвазија, веќе смени неколку високи функционери претходно оваа година. Пет регионални гувернери или добија отказ или самите поднесоа оставки.