Зеленски: Референдумите се фарса

Украинскиот претседател Владимир Зеленски повторно во ноќното обраќање кон средата ги осуди референдумите кои проруските сепаратистички власти ги организираа во доминантно руските и рускојазични региони на југоистокот од Украина, нарекувајќи ги фарса и изјави дека Киев ќе ги „брани своите луѓе кои живеат под окупација“.
2„Оваа фарска на окупираните подрачја не може да се нарече ниту имитација на референдум“, изјави Зеленски.

Проруските власти на четирите украински региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, објавија во вторникот вечерата дека за присоединување на Руската Федерација се изјасниле 96 отсто од гласачите.

Зеленски рече дека Украина „ќе ги брани своите луѓе коишто живеат под окупација во Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, како и во деловите од Харковската област кои сѐ уште се под окупација“. Без за даде поединости, најави „добри вести кои наскоро ќе стасаат од фронтот“, „Напредуваме и ќе ја ослободиме нашата земја“, рече.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.