Зеленски: Русија ќе има основа за нова офанзива ако го заземе Бахмут

Руските сили ќе имаат „отворен пат“ до повеќе делови на Донбас кои се под контрола на Киев, доколку победат во жестоката битка за градот Бахмут, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервјуто емитувано на Си-Ен-Ен во вторникот.

Тој ги негираше тврдењата дека неговиот висок генерал го повикал да ги повлече војниците од областа.

Борбата за Бахмут, трае од август. Упориштето е логистички центар и главното упориште за војниците на Киев во Доњецката Народна Република.

„Битката е „тактичка за нас“. Разбираме дека по Бахмут би можеле да одат понатаму. Тие би можеле да одат во Краматорск, би можеле да одат во Славјанск, тоа би бил отворен пат за Русите, по Бахмут до другите градови во Украина, изјави Зеленски.

Зеленски посочи дека ако градот падне во рацете на руските сили, тоа ќе помогне да се „мобилизира нивното општество“ и да се зајакне домашната поддршка за руската армија.

Во понеделникот, германскиот весник „Билд“ цитираше извори од украинската влада дека генералот Валери Залужни, главниот командант на Украина, повикал на повлекување пред неколку недели. Канцеларијата на Зеленски објави изјава истиот ден во која се тврди дека највисоките луѓе, вклучително и Залужни, ја поддржале одлуката за продолжување на одбраната на градот.

Зборувајќи за Си-Ен-Ен, Зеленски негираше дека е во судир со неговите команданти. „Никогаш не сум слушнал такво нешто“, рече тој, тврдејќи дека такви извештаи се „создадени во Руската Федерација“.

Во средата, Евгениј Пригожин, шеф на руската приватна воена компанија Вагнер Груп, рече дека неговите борци добиле целосна контрола врз источниот дел на Бахмут, кој е одделен од остатокот на градот со реката Бахмутка. Пригожин претходно изјави дека руските војници практично го опколиле Бахмут, со само еден пат на располагање за украинските сили да влезат и излезат.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека преземањето на градот ќе овозможи „понатамошни офанзивни акции“ против украинските сили.