Зеленски се обрати и пред Кнесетот: Зошто Израел не ѝ дава оружје на Украина?

Украинскиот претседател Владимир Зеленски се обрати во неделата преку видеоконференциска врска и пред Кнесеотот, израелскиот парламент, пренесува BBCС.

Зеленски претходно се обраќаше и пред парламенти на други земји, како Канада, Германија, Велика Британија и САД, барајќи поддршка, во прв ред во оружје и пари за борба со руската војска.

Зеленски повлече паралели меѓу руската инвазија врз Украина и Втората светска војна. Иистакна дека инвазијата „не е воена операција“, како што официјално ја нарекува Москва но изразот го користат и

„Тоа е војна од целосен обем чија цел е уништување на нашиот народ, уништување на нашите деца, семејства, државност, градови, култури и сѐ што ги прави Украинци. Затоа имам право да ја повлечам оваа паралела во историјата. Нашите војни за опстанок и Втората светска војна“ нагласи Зеленски во своето видео обраќање.

Зеленски, кој е етнички Евреин но од Москва е обвинуван дека е всушност заложник на ултранационалистите и неонацистите во Украина кои се следбеници на Степан Бандера, соработник на нацистичка Германија во Втората светска војна која извршила погром и над Евреите во Украина, на израелските пратеници сега им порача дека нацистичката партија NSDAP, била основана во Германија пред 102 години на 24-ти февруари, истиот датум кога оваа година Русија ја нападна Украина.

„Тие повторно ги кажуваат овие зборови – ‘конечното решение’ – во однос на нас, украинската нација… беше кажано на состанокот во Москва“, рече Зеленски алудирајќи токму на нацистичкиот план за истребување на Евреите од Европа, а некои од неговите роднини загинаа во Холокаустот алудирајќи токму на

Го повика Израел да му помогне на отпорот на украинскиот народ против руската војска. Зеленски го повика Израел да ѝ даде оружје на Украина и праша зошто не воведе санкции кон Русија.

Според него, Израел ја има најдобрата воздушна одбрана во светот и рече „дефинитивно можете да му помогнете на нашиот народ, да ги спасите животите на Украинците“.

„Можеме да се прашуваме зошто не можеме да добиеме оружје од вас, зошто Израел не воведе посилни санкции за Русија или не врши притисок врз руската економија. Во секој случај, изборот е на вас, браќа и сестри. Нероде на Израел, мора да живеете со својот одговор“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател, исто така, ја цитираше починатата израелска премиерка Голда Меир во неговото видео обраќање, со зборовите „ние сакаме да живееме, но нашите соседи сакаат да нѐ видат мртви“.

„Остануваме, подготвени сме за компромис“, додаде тој правејќи неумесни директни паралела меѓу сегашната Украина и историјата на Израел соочена со арапското непријателско опкружување.

Изралескиот премиер Нафтали Бенет на барање на Зеленски, се понудио како посредник во судирот меѓу Москва и Киев, иако израелски и функционери во двете земји претходно ја исклучија можноста од каков и да е напредок во преговорите.

Израел е внимателен во поглед на односите со Русија, посебно поради соседна Сирија, каде што има воена моќ и никогаш таму испорачаните руски противоздушни системи не реагираа на израелските воздушни напади врз ирански цели.

Покрај тоа во Израел, живеат стотици илјади рускојазични мигранти од Русија, Украина и Молдавија кои се доселија по распадот на Советскиот сојуз. Исто така, води сметка за благосостојбата на еврејските заедници кои во Русија имаат своја автономна република а во Украина сепак останаа и покрај стравувањата од неонацистите чија цел биле во Втората светска војна.