Зеленски сфати дека западните санкции врз Русија не се доволни, бара модерно оружје за одбрана

„Ќе си ги вратиме сите градови. Овој циничен обид да се скрши духот на украинскиот народ, покажува дека западните санкции против Русија не се доволни за да ѝ се помогне на Украина, на која ѝ треба модерно оружје“, изјави во видеобраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој додаде дека, врз Украина биле фрлени 45 руски ракети во последните 24 часа или речиси по две ракети на еден час.

Според него, Украина ќе си ги врати сите градови кои Русите ги зазеде, вклучително и Северодоњецк, кој од пред неколку дена е целосно под руска власт.

„Во оваа фаза војната е душевно и емотивна тешка. Не знаеме колку долго ќе трае, колку удари ќе издржиме пред да видиме дека победата е на повидок“, изјави Зеленски, кој додаде дека, постојаните напади се доказ дека санкциите воведени за Русија не се доволни за да помогнат на Украина и дека треба модерно оружје за одбрана.

„Сите наши градови, Северодонецк, Донец, Луганск, сите ќе бидат вратени“, изјави тој.

Северодоњецк падна во рацете на руските сили по неколкунеделните борби.