Зеленски: Ситуацијата на фронтот на Донбас е тешка и болна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот во регионот на Донбас е „тешка и болна“ и дека за тоа е потребна „сила и концентрација“ на целата земја.

– Прво, работите на линијата на фронтот. Бахмут, Кремина и други области во Донбас, за кои е потребна максимална сила и концентрација. Ситуацијата таму е тешка и болна. Окупаторите ги распоредуваат сите ресурси што им се достапни, а тоа се значајни ресурси, за да постигнат некаков напредок“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање.

Украинскиот претседател изјави и дека прекините во снабдувањето со електрична енергија продолжуваат и дека речиси девет милиони луѓе се уште се без струја. Тој додаде дека електричарите, кои ја поправаат електричната мрежа по повторените руски напади, повторно приклучиле многу луѓе на неа за време на Божиќ, но дека проблемите се уште се присутни.

– Се разбира, прекините во снабдувањето продолжуваат… Од оваа вечер, ситуацијата е таква што речиси девет милиони луѓе се без струја во различни украински провинции. Сепак, бројот и должината на прекините постепено се намалуваат, рече Зеленски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.