Зеленски верува дека војната во Украина би можела да заврши во 2025-та

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека гледа можност војната на Русија против Украина да заврши во текон на наредната година.

„Кога ќе заврши војната? Кога Русија ќе посака војната да заврши. Кога Соединетите држави ќе заземат посилна позиција. Кога глобалниот југ ќе застане крај Украина и ќе застане за крајот на војната“, рече Зеленски во разговор со претставниците на странските медиуми во Киев на третата меѓународна безбедносна конференција за храна „Жито од Украина’.

„Тоа нема да биде лесен пат, но убеден сум дека ги имаме сите шанси тоа да се случи следната година“, ги пренесе неговите зборови новинската агенција Укринформ.

„Отворени сме за предлози од лидерите на африканските, азиските и арапските земји. Би сакал да ги слушнам и предлозите на новиот американски претседател и мислам дека ќе ги слушнеме во јануари и ќе имаме план да ставиме крај на оваа војна“, додаде Зеленски.

За време на неговата изборна кампања, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се притивеше на огромното воено вложување на САД во војната во Украина и постојано јасно ставаше до знаење дека сака „во рок од 24 часа“ да ја запре војната во Украина но не појасно како има намера тоа да го стори. Ме ѓутоа, откако убедливо победи на изборите на 5-ти ноември веќе не ја споменува темеата.

Претходно во саботата портпаролката на северноалантската воена алијанса извести дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се сретнал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во петокот во Палм Бич, во американската сојузна флорида Флорида.

„Тие разговараа за низа глобални безбедносни прашања со кои се соочува Алијансата“, рече портпаролката Фара Даклала.

НАТО во петокот не ги коментираше извештаите на холандските медиуми дека Руте, поранешен холандски премиер, летал за Флорида со авион на холандската влада за да се сретне со Трамп.

Руте многумина го сметаа за еден од најдобрите европски лидери во создавањето добри деловни односи со Трамп за време на неговиот прв мандат како претседател во 2017-2021 година, а истовремено и поборник на продолжување на воената поддршка на Киев и гаѓањето цели во дрлабочината на територијата на Русија со ракетите што и ги испорачуваат водечките членки на НАТО.