Зеленски вети „цела нужна“ помош за одбрана на Бахмут и Соледар

Украинскиот претседател Володомир Зелелнски вети во четвртокот „севкупна неопходна помош“ за војниците кои пружаат отпор на руските напади во Бахмут (Артемовск на руски) и Соледар за кој има информации дека прашање на часови е кога ќе биде исчистен од украинските војски, а станува збор за два града во на истокот од прорускиот исток на земјата и чие заземање може да биде голем успех на руските сили.

„Сакам да истакнам дека едниците кои ги бранат овие градови ќе бидат снабдени со муниција и со сѐ што е потребно, и тоа брзо и без престан“, објави Зеленски на Facebook по состанокот со членовите на Генералштабот на украинската војска.

Истовремено руската телевизија на англиски јазик RT, повикувајќи се на пресретната радио-комуникација, пренесува дека украинските сили загубиле 200 војници во четвртокот во обидот да се направа противнапад во Соледар и да ги пробијат руските јуришни позиции. Станува збор за комуникација пресретната пред два дена, кога по неуспешниот обид за пробив украинската војска загинатите борци во дневниот преглед ги прогласила за исчезнати.

Според оваа информација, единиците испратени да се пробијат до силите во Соледар немало команден кадар а се изведувал со француски оклопни транспортери VAB и британски противмински оклопни возила „Wolfhound“. Но тие биле откриени од руското извидување и уништени од напади на јуришните авиони „Су-25“.

Ноќта кон четвртокот основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, повторно објави дека руските единици ја преземале контролата врз целата територија на Соледар, но дека во центарот на градот се водат улични борби.

Пригожин порача дека во градот нема ниеден од преостанатите цивили, како и дека нема да биде отворен хуманитарен коридор за извлекување на украинските војници кои не сакале да се предадат, а чии загуби ги проценил на 500 убиени борци.

Од друга страна, заменичката министерка на одбрана на Украина, Хана Маљар, изјави дека ситуацијата во Соледар „веќе неколку дена е тешка“ за украинската страна и „денеска продолжија жестоките борби“. Маљар додаде дека бројот на руските единици се зголемил од 250 на 280, бидејќи Москва настојува да преземе „стратешка иницијатива“.

Таа не наведе бројки но тврдеше дека руските сили во Соледар „трпат тешки загуби (…) обидувајќи се, без успех, да ја пробијат нашата одбрана“.

Киев не ги објави податоците за бројот на своите убиени и ранети војници во оваа област, но советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак за AFP во средата призна „значителни загуби“.

Портпаролот на украинската армија Серхиј Череватиј изјави дека „Русите непрестајно напаѓаат“ на Соледар и дека во последните 24 часа имало 91 артилериски напар врз гадот

Украинскиот воен аналитичар Анатолиј Храмчихин оценува дека освојувањето на Соледар кој пред војната имал 75.000 луѓе од кои пред почетокот на руската офанзива останале 10.000 а сега е целосно разорен би претставувал значајна предност за Русија.

Андреј Баевски, проруски сепаратистички пратеник во Доњецк, истакнува дека со конечното заземање на Соледар „ќе бидат пресечени украинските правци за снабдување“ што ја овозможува одбраната на силно утврдениот Бахмут.

„Соледар, покрај тоа, овозможува артилериски оган кон Славјанск, Краматорск и Костантиновка“, кои се позападно, изјави Баевски за руската државна телевизија.

Официјална Москва сѐ уште е резервирана во поглед на информациите од Соледар. Покрај барањето да не се објавуваат информации од фронтот, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „пред нас има уште многу работа“. На мапата од истокот на Украина која во четвртокот ја објави руското Министерство за одбрана, Соледар уште беше прикажан како надвор од контрола на руските сили.

Соледар, кој името го добил по важните рудници за сол и големите подземни коридори кои водат до Бахмут, е од стратешко значење за украинската војска бидејќи се наоѓа во центарот на одбранбената линија Бахмут-Северск. Таму се наоѓаат силни одбранбени утврдувања со дебелина од неколку метри и армирани со челични конструкции од вагони… Заземањето на Соледар би ја прекинало директната линија за снабдување на украинските сили и го отвора патот кон стратешкиот јазол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.