Зеленски во Давос бара уште оружје и „максимални“ санкции против Русија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски побара во понеделникот во Давос уште оружје и покрај веќе стотиците милијарди долари воена помош и „максимални“ санкции против Русија кои ќе вклучуваат целосно запирање на тргувањето.

„Санкциите би требало да бидат максимално за Русија и секој друг потенцијален агресор кој сака да води брутална војна против својот сосед веднаш јасно да ги знае последиците од своето делување“, рече Зеленски во обрќањето во швајцарски Давос на Светскиот економски форум.

Побара и целосно запирање на трговијата со Русија, вклучително и целосно ембарго на руските енергенси и повика мерки против сите руски банки, без исклучок, како и на повлекување на сите странски компании од рускиот пазар.

САД и Велика Британија тврдат во објави дека повеќе не увезуваат руска нафта, но Европската унија не одговори на ист начин, бидејќи повеќе нејзини земји членки се многу зависни од нафтата и гасот од Русија.

Зеленски, покрај сето кажано, уште еднаш побара уште повеќе оружје, бидејќи, како што тврди, досега испорачаното оружје не е доволно. Додаде и дека жали што поддршката од меѓународната заедница сѐ уште не е доволно брза.

Руската воена интервенција во Украина, војната и ризиците кои таа претставуваат за светската економија, ќе бидат во фокусот на годинешниот Светски економски форум во Даос, кој се одржува од понеделникот до четврток.

„Нашите први мисли одат кон војната во Украина“, изјави втемелувачот на Форумот, Клаус Шван преставбувајќи ја програмата на годинешниот собир на кој присуствува и украинска делагација.

Претходно во понеделникот Зеленски го потпиша законот кој предвидува конфискација на имотот на украински граѓани коишто ја поддржале руската инвазија, донсен од парламентот на 12-ти мај.

Во Украина од март на силе веќе беше законот за „задолжително одземање“ предмети во сопственост на Русија и нејзини државјани. Заленски, исто така, се закани дека ќе стори сѐ за да го конфискува имотот на „руските прогандисти“, без да објасни за што и кого точно станува збор.