Земја од соседството е новиот дом на Сашо Мијалков?!

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, најверојатно заминал во соседна држава на Македонија, брифираат за НетПрес, извори од македонските разузнавачко-безбедносните структури.

Претпоставката е дека Мијалков во неделата попладне од хотелот Мериот, каде бил присутен до некаде 14.30 часот, заминал во Грција и дека моментно се наоѓа таму. Но, нема информации каде точно во Грција. Засега не се знае ниту дали тој Македонија ја напуштил легално преку некој од граничните премини со Грција – Дојран, Богородица или Меџитлија, што е малку веројатно поради ситуацијата со Ковид 19, или пак тоа го сторил илегално. Друга варијанта е дека Мијалков во Грција заминал преку Бугарија, со претходно изваден тест за Ковид 19.

Според нашите извори, поранешниот прв разузнувач се одлучил на ова бидејќи претходно соседна Грција не ги екстрадираше во Македонија Никола Бошковски и Горан Грујовски, и двајцата поранешни високи функционери во УБК, а обвинети во предметот Таргет-Тврдина, исто како Мијалков.

Имено во мај 2018 година, највисокиот суд во Грција одлучи дека нема екстрадиција за поранешните функционери во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски, бидејки во Македонија нема да им се овозможи фер судење. Двајцата претходно во притвор во Грција поминаа седум месеци.

Судот тогаш забележал дека укинувањето на безусловни мерки за помилување, генерално не е прифатено со праксата и преовладувачкото правно мислење во другите држави потписнички на Европскиот суд за човекови права, и ги нотира законските измени и дополнувања донесени подоцна (како што се преиначувањето на обемот на овластувањата на претседателот за донесување на мерки за одделни помилувања, условувањето на таквите мерки со потпис од страна на Владата итн.) и подоцнежните напори да се укинат претходните одлуки со донесување на уставен закон и заклучува дека гонењето на жалителот по донесување на одлука за помилување не било дозволено.

Со оглед на тоа што во Законот за помилување кој важел во времето кога Претседателот Ѓеорѓе Иванов ги донел одлуките за помилување не била предвидена можност за нивно поништување тие станале конечни, а стекнатите права врз основа на овие одлуки не можат да бидат изменети на штета на лицето за кои се однесуваат што произлегува и од институтот од римското право reformacio in peus. Доколку со дополнително донесените Закон за дополнување на Законот за помилување и Одлуки за поништување на одлуките за помилување, ефектите од помилувањето се анулираат тоа би значело дека истите имаат ретроактивно дејство што е спротивно на член 52 од Уставот на Република Македонија (согласно кој законите и прописите неможат да имаат повратно дејство освен во исклучок кога тоа е поповолно за граѓаните) и што според одлуката на ЕСЧП во случајот Lexa v. Slovakia, претставува повредана на правото на правично судење, заштитено со членот 6 од Конвенцијата.