Земјата не сјае како порано, бидејќи климатските промени се причина за намалување на светлите облаци

Научниците утврдиле дека планетата за неколку години изгубила дел од својот сјај и дека за тоа најверојатно причина се климатските промени.

Како што океаните се повеќе се загреваат, се создаваат помалку светли облаци, што значи дека помалку сончева светлина се рефлектира во вселената, а тоа уште повеќе ја загрева планетата.

Научниците го мереле нивото на рефлексија (Албедо) на Земјата, анализирајќи го нејзиниот сјај кој ја осветлува Месечината.

“Earthshine”  е термин кој ја опишува послабата илуминација на Земјата врз Месечината. Кога ја гледате полумесечината кратко по залезот или пред изгревањето на Сонцето, понекогаш може да видите, од неговиот од сонцето осветлен дел и остатокот од Месечината како темен диск. Тој блед сјај на неосветлениот дел од Месечината впрочем е светлината која се одбива од Земјата.

Албедото покажува колку светлина се рефлектира од површината на некое тело, односно пречникот на одразената светлина спрема светлоста која на него паднала.

Студијата се темели на податоци од речиси 20 години, кои се собрани од 1998 година до 2017 година. Мерењата покажале дека Земјата сега рефлектира околу половина ват помалку светлина по метар квадратен во споредба со 1998 година, што е еквивалент на 0,5 отсто намалена рефлексија на Земјата. Инаку, нашата планета рефлектира околу 30 отсто сончева светлина која до неа допира.

– Падот на албедото кое се забележува во изминатите три години многу не изненади, особено затоа што 17 години пред тоа бил на исто ниво – вели теоретскиот физичар Филип Гуд од Технолошкиот институт Њу Џерси.

Сјајот на Земјата зависи и од сончевата светлина која доаѓа до неа и од рефлексијата на планетите. Оваа студија покажала дека тие два фактори не се во тандем и дека нешто на Земјата предизвикува губење на нејзиниот сјај, особено во последните неколку години, пишува  Science Alert.

Сателитските мерења кои ги проучувале научниците покажуваат дека намалениот бројот на рефлектрачките, ниски облаци над источниот дел на Тихиот океан значително придонел за намалување на сјајот на Земјата.

Целиот процес најверојатно е поврзан со климатските промени. На истото подрачје кадешто е забележано помало количество рефлектирачки облаци, евидентирано е и зголемување на температурата на океанот. Повисокото ниво на температура во океанот веројатно е последица на механизмот поврзан со климатските промени, кој се нарекува Пацифичка декадна осцилација (ПДО).

– Земјиниот албедо е битна ознака на нејзината клима бидејќи во поширока смисла, промената на климата произлегува од едновремената еволуција на соларниот интензитет на албедото на Земјата и ефектот на стакленик – напишале научниците во својот труд.

Истражувањето Earth’s Albedo 1998–2017 as Measured From Earthshine  објавено е е во списанието Geophysical Research Letters.