12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Земјоделците од општина Чашка најавуваат масовен протест

Земјоделците од општина Чашка денеска излегоа на протест незадоволни од негрижата на Министерството за земјоделство и министерот кон нив.

Ние денеска се собравме на протест за оризовата арпа што не е исплатена во висина од пет денари од ланската реколта. Проблемите се големи цената е ниска на арпата, државата не ни дава некоја шанса да можеме да просперираме и живееме, помалку да одиме напред. Оваа година бараме цената да се знае предвреме и да се исплатат тие пет денари, велат револтираните земјоделци.

Додаваат дека доколку вака се продолжи со цената на оризовата арпа многу ќе биде лоша ситуацијата и не може да опстанеме.

Жетвата е започната, а луѓето немаат пари да платат за истата. Парите треба да ни бидат исплатени во најбрз временски период и во следните години да не се одолговлекува за субвенциите и истите се намалени во минатиот период. Тоа така не може да биде треба да биде како што беше во минатото или поголеми, инаку ќе треба да излеземе на масовен протест, потенцираат земјоделците од Чашка.