Земјотрес ја стресе и Хрватска

Умерен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 16:17 часот го потресе подрачјето на Сисак, соопшти Хрватската сеизмолошка служба.

Земјотресот бил во близина на Деановиќ, 15 километри јужно од Сисак, а интензитетот во епицентарот, проценет според јачината, бил IV-V (четири до пет) ЕМС.

„Контејнерот многу се тресеше, овој не е слаб“, „овој беше појак по долго време“, „силно татнеж и вибрации“, „силна експлозија и татнеж“, се само дел од коментарите на апликацијата на ЕМСЦ.