Земјотрес кој ја поресе Хрватска е почувствуван и во БиХ

Повеќе земјотреси денеска се регистрирани во Хрватска.

Умерен земјотрес ја потресе централна Хрватска, а потресот се почувствувал сè до Велика Горица и Загреб, но и во соседна БиХ. Станува збор за земјотрес со јачина од 3,7 степени, а епицентарот бил на 21 километар западно од Сисак.  По овој имаше и два послаби потреси. Во регионот, земјотреси денеска имаше во Грција.

Лани и оваа година во Хрватска имаше бројни земјотреси.