Земјотрес од 5,4 степени кај Монтелимар, во Дром-Франција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во близина на Монтелимар, во Дром-Франција. Потресот се почувствувал во Лион, Монпелје, Сен-Етјен, Гренобл, Авињон и Марсеј, јавува дописникот на МИА.

„Силен“ земјотрес со јачина од 5,4 степени, во 11 часот и 52 минути, е регистриран во близина на Монтелимар (Дром), се вели во соопштението на Централното биро за сеизмологија на Франција (БЦСФ) со седиште во Стразбур.

Земјотресот, чиј епицентар се наоѓа на 10 км од Монтелимар, беше почувствуван во Лион, Монпелје, Сен-Етјен, Гренобл, Авињон и Марсеј.

Пожарникарите во Дром на Твитер наведуваат дека добиваат многу повици и бараат граѓаните да не ги оптеретуваат непотребно телефонските линии за помош.

Во моментов, не се знае дали потресот предизвикал некакви штета и повреди кај жителите од регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.