Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер го погоди индискиот регион Кашмир

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индискиот регион Кашмир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри југозападно од Падам, на длабочина од 10 километри, наведуваат од центарот.

Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.