Земјотрес од 7,8 на Курилските Острови, објавена опасност од цунами

Спасувачки тимови евакуираат жители на севернокурилскиот остров Парамушир поради опасност од цунами, причинето од земјотрес со интензитет од 7,8 степени, јавија руски медиуми.

Според нив, наредбата ја дале властите во Сахалинската област. Спасувачките тимови го носат жителите на островот на повисоките места.