Земјотрес почувствуван во Пехчево

Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер денеска околу 13:30 часот е почувствуван во пијанечко-малешевскиот регион. Граѓани јавуваат дека истиот бил краткотраен, но се почувствувал и предизвикал мала паника неѓу населението.

– Отприлика 7,8 секунди траеше потресот и како стоев на земја како да ме подигна од земја. Истиот го почувствуваа сите вработени по што излеговме надвор од фабриката, вели жител на село Разловци.

Земјотресот го потврдија и жители на Пехчево кои истакнаа дека по ударот забележале повеќе граѓани надвор од своите домови.

Според неофицијални податоци земјотресот е регистриран на околу 10 километри од Берово каде исто така предизвикал немир меѓу населението.