Земјотрес регистриран на Закинтос

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Закинтос.

На веб-страницата на Службата за вонредни ситуации (EMSC) се наведува дека земјотресот се случил во 12:12 часот по локално време и дека епицентарот бил во морето, на 21 километар југозападно од Закинтос на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за материјална штета или повредени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.