Земјотрес со јачина од 3,1 степен во Охрид

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала и интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран во Охрид и во околината денеска во 10:14 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Земјотресот бил на длабочина од два километри.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 89 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Охрид–Струга.

Земјотресот бил почувствуван од населението во Охрид ,Ресен, Струга и Вевчани.