Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди Еквадор

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала во 6:28 часот го погоди брегот на Еквадор.

Европско Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) наведува дека епицентарот бил на длабочина од 40 километри и 10 километри оддалечен од Есмералдас, град со 165.000 жители.

Сведоците велат дека потресот траел меѓу 15 и 30 секунди и дека мебелот им се тресел. Некои пишуваат дека зградите се нишале.