Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погодил северна Калифорнија, во округот Хумболт.
Според извештаите, епицентарот бил на 308 километри од Санта Росак аде живеат околу 180.000 луѓе, на длабочина од 10 километри и на 108 километри северозападно од градот Фортуна, кој има 12.000 жители.
Националниот метеоролошки центар издаде предупредување за цунами.
Предупредувањата за цунами значат дека се очекува или ќе се случи цунами со значителни поплави.
Предупредувањата укажуваат дека се можни широко распространети опасни крајбрежни поплави со силни струи и може да продолжат неколку часа по првичното пристигнување на брановите.
Во моментов нема извештаи за штети.