
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Кукеш во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 26 километри од Кукеш и 56 километри од Призрен во Албанија, на длабочина од 3 километри.
Црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија денеска регистрираше помал земјотрес.
Според нивните податоци, интензитетот на земјотресот во хипоцентарот (фокусната точка) бил 3,9 степени според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет од V степени по Меркалиевата скала (МЦС), соопшти Институтот за сеизмологија.
Земјотресот не предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.