23.8 C
Skopje
четврток, октомври 3, 2024

Земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 5,1 степени денеска потресе делови од Грција, а потресот е почувствуван и во Атина, соопштија очевидци.

Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 53 километри југоисточно од островот Хидра на длабочина од близу 90 км, што е доволно за да се намали можноста за оштетување на површината.

Земјотресот зафати делови од Атина, 120 километри од епицентарот, како и Пелопонез.

Противпожарната бригада соопшти дека досега нема извештаи за каква било штета.