Земјотрес во Кичево со јачина од 2,8 степени

Околу 01:30 часот утрово почувствуван е земјотрес со јачина од 2,8 степени според локална Рихтерова магнитида со епицентар во Кичево на 64 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а почувствуван е во Кичево и околината.