Земјотресот во Корча, почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди албанскиот град Корча, кој се наоѓа непосредно до границата со Македонија.

Епицентарот бил на 7 километри северозападно од Корча во 17:35 часот по македонско време.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападниот дел од нашата земја, односно во охридскиот, преспанскиот и пелагонискиот крај.

Инаку овој земјотрес е четврти во последните 24 часа во тоа подрачје, но последниот беше најсилен од сите досегашни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.