Земан пак го назначи Бабиш за премиер на Чешка

Чешкиот претседател, Милош Земан денеска повторно го назначи Андреј Бабиш за премиер, давајќи му нова шанса да формира влада и да стави крај на повеќемесечниот политички ќор-сокак, објави Ројтерс.

Партијата на Бабиш, АНТО победи на изборите во октомври, но не успеа да го освои мнозинството во парламентот. Затоа кабинетот на Бабиш од јануари беше во технички мандат, откако неговата влада ја изгуби довербата во Долниот дом на парламентот.

Вчера илјадници Чеси протестираа во Прага против изборот на Бабиш за премиер. Демонстрантите го критикуваа планот на Бабиш да формира влада со социјалдемократите, со поддршка на комунистите, и го повикаа да поднесе оставка.