9.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Земјава e подложна на суши и поплави, да се инвестира во опрема за рано предупредување

На конференцијата беа презентирани можностите за користење сателитски метеоролошки податоци од страна на националните метеоролошки служби.

-Земјава, за жал, е подложна на поплави, шумски пожари и суши кои предизвикуваат сериозни загуби во земјоделството. Важиме за едно од најсушните подрачја во Европа што негативно се одразува врз производството. Но, како резултат на климатските промени, допрва се очекуваат чести врнежи, град и слана, како и потопло и посушно време. Тоа ја наметнува потребата од успешно справување со ризиците  што може да се постигне само ако вложуваме во системите за рано информирање и предупредување, истакна Николовски.

ЕУМЕТСАТ е меѓувладина организација, основана во 1986 година за да обезбеди сателитски податоци и слики поврзани со климата 24 часа на ден, 365 дена во годината, до националните метеоролошки служби на земјите-членки на ЕУ и други корисници во светски рамки.

Нашата држава не е членка на ЕУМЕТСАТ, но преку УХМР како национална служба, има лиценца за користење на податоците.

Како што беше речено на конференцијата, од 2010 година УХМР поседува два сателитски приемника за податоците од МЕТ-9 и МЕТ-10 сателитите на ЕУМЕТСАТ. Сателитските податоци ја следат состојбата на атмосферата, а се добиваат на секои 15 минути или на секои пет ако подрачјето е мало. Тие се важен предуслов за навремена и точна временска прогноза, особено во функција на издавање навремени метеоролошки и хидролошки предупредувања, како и најави за опасни временски појави.