Земјите членки го потпишаа протоколот за пристапување на Скопје во НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел е потпишан официјалниот документ за пристапување на Скопје во НАТО.

Во име на Македонија, протоколот го потпиша министерот за надворешни работи , Никола Димитров, кој воедно се обрати пред присутните, а во име на НАТО, зборуваше генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Сите земји членки на НАТО поединечно го потпишаа протоколот.