Земјите од Г7 ги повикаа Русија и Украина на воздржаност

Министрите за надворешни работи на членките на групата седум индустриски најразвиени земји во светот
Г7 изразија во петокот „огромна загриженост“ поради запленувањето на украинските воени бродови и морнари од страна на Русија близу Крим и ги повикаа Москва и Киев да покажат воздржаност.

Во соопштението министрите ја повикуваат Русија да ги ослободи украинските морнари и да и’ ги врати бродовите на Украина, нагласувајќи дека нема оправдување за руската постапка.

Тензиите меѓу Москва и Киев ескалираа во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот канал, по што ги задржа украинските пловила заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

По ова Украина воведе воена состојба во своите погранични реони, обвинувајќи ја Русија дека го зголемува своето воено присутво на меѓусебната граница и побара распоредување бродови на НАТО во Азовското Море.

Во меѓу време, 24-та украински морнари, на кои им беше одредена мерка притвор во траење од два месеца поради „илегален влез на руска територија“, денеска беа префрлени од затвор на Крим во Москва

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.