Земјотрес го погоди Перу

Силен земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Перу, во близина на границата со Бразил, соопшти денеска американскиот Геолошки завод.

Земјотресот се случил на голема длабочина од 570 километри во подрачје на џунгла во базенот на реката Амазон, и мала е веројатноста дека предизвикал жртви и материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил 300 километри северозападно од перунскиот град Пуерто Малдонадо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.