Земјотрес на Куба

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во флоридскиот теснец кај Куба. Потресот бил почувствуван и во Хавана.

Според локалните медиуми засега нема извештаи за евентуална штета или повредени, а објавено е дека нема опасност од цунами. Потресот е регистриран на 172 километри источно од Хавана, на длабочина од десет километри. Во Хавана земјотресот го почувствувале две шесткатници, чии станари биле евакуирани.