Земјотрес повторно ја зафати Кефалонија

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени повторно го зафати грчкиот остров Кефалонија, но нема жртви, а предизвикана е помала материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри од градот Ликсурион, оддалечено 300 километри од Атина, соопшти Американскиот институт за геофизика.

„Луѓето излегле од нивните домови, но не биле исплашени“, рекол претставник на локалната самоуправа, Александрос Парасис.

Пожарникарите соопштиле дека патиштата се отсечени поради рушење на карпи, а еден жител на островот рекол во неговото место нема вода.

Кефалонија на 26–ти јануари исто така ја погоди земјотрес со интензитет од 5,8 степени, кога значително беше уништена инфраструктурата.