Земјотрес регистриран во Турција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во источниот турски округ Ван.

Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од градот Ван во регионот на селото Молакасам, пренесува МИА.

Земјотресот е регистриран во еден часот по полноќ, а се случил на длабочина од пет километри. Неколку минути по него следувал вторичен потрес со интензитет од 3,2 степени.

Нема информации за евентуални ранети или за причинета материјална штета.