Земјотрес во близина на планинскиот врв Еверест

еверест

Потресот ги вознемирил граѓаните на Непал, кој се уште ги чувствува последиците од катастрофалниот земјотрес минатата година. Во Катманду жителите ги напуштиле своите домови.

Непалскиот сеизмолошки центар соопшти дека епицентарот се наоѓал на 120 километри источно од главниот град Катманду.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета матерјална штета.

Во минатогодишниот земјотрес загинаа околу девет илјади луѓе, а над 22.000 беа повредени.