Земјотрес во близина нафтен терминал во Оклахома , нема повредени

Оклахома

При потресот се оштетени неколку згради, од каде се евакуирани сите жители.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 3,2 километри западно од Кушинг, град со околу 8.000 жители, кој е значаен петрохемиски центар и важно место за испорака на нафта.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за штета врз нафтената инфраструктура.

Локалните власти соопштија дека дел од градот Кушинг бил евакуиран поради истекување на гас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.