Земјотрес во јужна Италија, паника меѓу населението

56

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени го погоди јужниот дел на Италија, поради што жителите во паника ги напуштиле своите домови и истрчале на улиците, но засега нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.

Потресот се почувствувал во густо населените градови Наполи, Исерни и Беневенто.

Италијанските служби за цивилна заштита соопштиле дека се анализираат информациите од погодените области.

Земјотресот го погоди истото рурално подрачје меѓу регионите Кампанија и Молис, каде што на 29-ти декември бил регистриран земјотрес со интензитет од 5,2 степени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.