Земјотрес во Мексико, штети во Гватемала, евакуиран парламентот во Еквадор

Земјотрес со магнитуда од 6,5 според Рихтер чиј епицентар бил во сојузната држава Чијапас, на југот од Мексико, предизвикал во петокот материјални штети во Гватемала, соопштија властите во оваа земја, а поради опасност од оштетувања на зградата е евекуиран парламентот на Салвадор.

Епицентарот на потресот бил 37 километри југозападно од местото Сиудад Идалго, во близина на границата со Гватемала, и на околу 62 километри длабочина, според мексиканскиот сеизмолошки институт.

Потресот се почувствувал до мескиканската престолнина Сиудад де Мехико, и оштетил три патни правци во Гватемала, делумно отсечени поради одрони на почвата, при што најмалку три лица се полесно повредени, според податоците на локалните служби за цивилна заштита.

На југот од Гватемала, во местото Сучитепекез, се урнал ѕид во училиште и отшетена е една црква.

Претхдно Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) извести дека земјотрес со магнитуда од 6,4 е регистриран на самата граница со Гватемала на границата со Мексико. Подземниот удар бил регистриран во 16,14 часот по локално време. Според овој податок, епицентарот бил на пет километри источно од мексиканскиот град Тустла-Чико, а на длабочина од 95 километри.

Истовремено беше објавено дека персоналот на Законодавното собрание на Салвадор бил евакуиран поради опасност од поголеми оштетувања на зградата, изјави шефот на персоналот Маурисио Дубон.

„На персоналот му беше наложено да ја напушти зградата и да си замине дома“, рекол Дубон за локалните медиуми.

Евакуација, исто така, била спроведена и во претседателската палата во главниот град Ел Салвадор. Министерството за заштита на животната средина и природните ресурси соопшти дека потресот бил силно почувствуван на западот од земјата, во близина на границата со Гватемала.

Во сите три држави тамошните власти известуваат за евакуации на повеќе илјади лица.

Во септември 2017 година Мексико го погодија два разорни потреси, од кои еден со магнитуда од 8,2 во кои загинаа 465 лица а беа оштетени 184.000 домови и објекти.