Земјотрес во Турција

117

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала рано изутринава е регистриран во централниот дел на Турција.

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 16 километри северозападно од градот Хекимхан во округот Малатија.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.