Земојтрес ја тресеше околината на Рим, нема повредени

Земјотес со јачина од 4,4 степени по Рихтер го погоди планинскиот регион на 100 тина километри јужно од Рим , а почуствуван е и во италијaнскиот главен град.

Засега нема извештаи за направена штета. Земјотресот се случил околу 17 часот и 35 минути и неговиот епицентар се наоѓал на длабочина од 14 километри, во близина на градот Болсорано, соопшти италијанскиот институт за геовулканологија.

Противпожарната служба не добила никакви повици за помош.

„Земјотресот  беше почувствуван од населението, но нема повредени или оштетен имот“, соопшти италијанската агенција за цивилна заштита.

Италија се наоѓа во сеизмички активна област. Во август 2016 година, скоро 300 луѓе загинаа кога земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди градот Аматриче во централните Апенини.