Жена нападнала 12-годишно дете во Аеродром, доби пријава

Вчера во 23 часот во Полициската станица Аеродром Д.П.(42) пријавил дека истиот ден околу 21 часот на булеварот „ Видое Смилески-Бато“ пред зграда, додека неговиот 12-годишен син бил заедно со уште двајца негови другари, дошла Е.М.(36) и физички ги нападнала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.