Жена пронајдена почината по пожар во куќа

М.К.(82) вчера била пронајдена почината по пожар кој избувнал во нејзината куќа во Прилеп на улицата „Митко Цветановски“.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа.

Во куќата пронајдена е почината М.К., а смртта настапила најверојатно од задушување со чад, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.