Жена се удави во водите на Вардар во Гостивар

Tело на жена било извлечено од речното корито на реката Вардар во близина на мост до гостиварската кланицата, по што настраданата била пренесена во гостиварската болница каде била извршена реанимација, но обидите на лекарите биле без успех.

Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 10.30 часот и засега нема детали околу идентитетот на жената. Привично е дека таа е на возраст помеѓу 70 и 80 години. За случајот е известен јавен обвинител и наскоро треба да почне увид. Непознато е и како жената се нашла во водата и на кој дел од течението на Вардар паднала.

За еден месец ова е втор случај на давење во Вардар. Претходно тинејџерка го загуби животот со давење, откако падна во водата при обид да се сапаси од напад на куче скитник.