Жена со нож повредила неколку деца во градинка во Квинс

Најмалку петмина, меѓу кои три деца се повредени во напад со нож во градинка во Квинс, Њујорк, пренесуваат тамошните медиуми. Осомничена за нападот е жена, која по нападот е уапсена. Мотивите за нападот не се познати.

Возраста на децата не е потврдена, два се девојчиња и едно момче, но здравствената состојба на едното девојче е сериозна. Останатите повредени се маж и жена. Повредите најверојатно не се опасни по живот.

Полицијата уапсила жена на возраст од 52 години, која била пронајдена во подрумот од градинката, која имала рана на левиот рачен зглоб, но полицијата смета дека самата се исекла.

И таа е во болница, но под полициска присмотра. Повредениот маж е татко на дете кое одело во градинка, но не се знае дали е родител на некое од повредените деца. Повредената ќена е воспитувачка која била на смена во градинката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.