Жерновски не реагирал и покрај решенијата да му се одземат надлежностите на хаусмајсторот

Управниот инспекторат побарал да му се одземат надлежностите на хаусмајсторот во општина Центар, дадени од Жерновски, бидејќи хаусмајстор не може во исто време да работи и како хаусмајстор и како главен инспектор. Но, и покрај решенијата Жерновски не реагирал.

Хаусмајстор кој врши работи за главен инспектор, користење на општинските средства за партиски потреби, анархија и непрофесионално унапредување со скокови од дури 10 скалила, самоволие и неработа е карактиристиката на работењето на општина Центар, пишува денес порталот „Курир“.

И хаусмајстор и сопственик на градежна компанија

Вчера во медиумите се појавија информации дека, хаусмајсторот милионер покрај тоа што ги водел инспекциските служби, тој поседувал и градежна компанија. Досега никој, ниту првиот човек на општината Андреј Жерновски, ниту некој друг не демантирал дека градежната компанија на Стојчевски соработувала со општината Центар.

Освен тоа најбогатиот хаусмајстор од општината Центар кого Жерновски го унапредил 10 скалила и директно го поставил за главен инспектор, добил уште едно семејно  повластување и награда од градоначалникот. Иако постои конфликт на интереси, неговата сопруга Доменика Стојческа била поставена за член на управниот одбор на градинката „Коцо Рацин“, пишува „Курир“.

Дека Кочо Стојчески е најбогатиот хаусмајстор потврдува и возилото Ауди А5
Дека Кочо Стојчески е најбогатиот хаусмајстор потврдува и возилото Ауди А5

Дека Кочо Стојчески е најбогатиот хаусмајстор потврдува и возилото Ауди А5 со кое управува тој, при што досега нема објаснување како е можно со примања на хаусмајстор да стигне до вакво луксузно возило вредно 40 000 евра.

Стојчевски и пред унапредувањето бил главен инспектор

Инаку, во медиумите исто така се појавија информации дека уште пред да биде унапреден за десет позиции Кочо Стојчески вршел улога на главен инспектор.

Тој  одлучувал, премерувал, издавал дозволи за градење, уривање токму хаусмајсторот во општината. Ваквото лажно преставување е кривично дело за кое е предвидена затворска казна од една до три години.

Управниот инспекторат упатил повеќе реченија, но Жерновски не реагирал

Управниот инспекторат упатил повеќе реченија, но Жерновски не реагирал
Управниот инспекторат упатил повеќе реченија, но Жерновски не реагирал

Управниот инспекторат реагирал на ваквата анархија во општината и побарал да му се одземат надлежностите на Стојчевски дадени од Жерновски бидејќи хаусмајстор не може во исто време да работи и како хаусмајстор и како главен инспектор.

Управниот инспекторат повеќе пати испраќал предупредување решение Стојчевски да престане да врши дејности како главен инспектор до општината Центар.

Жерновски не реагирал. Во меѓувреме Стојчевски продолжил и со партиски активности и како редовен декор е на партиските настани на СДСМ и говорник во кампот на СДСМ, пишува „Курир“.

Случајот со хаусмајсторот не е единствениот случај

Порталот пишува дека случајот со хаусмајсторот не е единствениот случај. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелираше во јавноста дека општината е претворена во приватна своевина на СДСМ. Па така Жерновски бројот на вработени го зголеми за 20%, а со ребаланс скрати од средствата предвидени за проекти за нивно вработување.

Се вработија многу партиски кадри, како советникот Дејан Тодоровски партиски кадар и советник од СДСМ, за кој познато е и имаше скандал  дека приватните гозби и забави по градските кафани ги плаќал со општински пари, новинарката блиска до СДСМ Катерина Цаневска, новинарката на Фокус Офелија и многу други партиски активисти, пишува „Курир“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.