Жерновски потврди дека поставил хаус-мајстор за главен инспектор

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски вчера потврди дека поставил хаусмајстор за раководител на инспекциските служби во општината на позиција главен инспектор. Според него, ваквото унапредување не било законски.

Жерновски и Општина Центар вчера не ги демантираа информациите објавени од страна на порталот „Република“, дека хаусмајстор е поставен за главен инспектор, туку сооппштија дека Државниот управен инспекторат, констатирал со записник дека не биле утврдени никакви недостатоци во назначувањето на лицето Кочо Стојчески за раководител на Сектор за инспекциски работи- главен инспектор.

reshenie-haus-majstor-prodolzenie

Вчера во медиумите беше објавено решението со кое што лицето Кочо Стојчески е унапреден за цели десетина скалила во хиерархијата на општинската администрација и тоа ни повеќе ни помалку, туку на позицијата главен инспектор, а дополнително јасно е видливо дека ова решение е „аминувано“ и од првиот човек на општината, затоа што на дното стои токму потписот на градоначалникот.

Како што пишува „Курир“, унапредувањето намерно се прави на ден пред Нова Година, кога вниманието на јавноста е насочено кон други теми и прашања.

Порталот уште еднаш потсетува дека според новиот закон за државна администрација, унапредувањето на повеќе од две позиции одеднаш е противзаконско.

reshenie-haus-majstor-prodolzenie-2

Според кажувањата на дел од вработените во општината кои од разбирливи причини плашејќи се за своето работно место сакаа да останат анонимни, случајот со хаусмајстор- главен инспектор не е единствен.  Имено, според нивните кажувања често се случувало Жерновски партиски подобните драстично да ги унапредува по повеќе скалила.

Од една страна, на тој начин им се оддолжува за нивниот ангажман, но од друга страна тие му ги вршат валканите работи во општината, носат сомнителни одлуки и слушаат директиви наместо да го почитуваат словото на законот.

Европската комисија досега упати бројни забелешки токму за ваквата непрофесионална администрација и грубото партизирање. Од Комисијата забележуваа за случаи токму како овој на Жерновски каде се прескокнуваат десеттина скалила во хиерархијата.

Ваквиот скандал дополнително отвора и друга димензија. Стручноста, компетентноста и делувањето според правила сериозно се доведува во прашање кога лицето одговорно за инспекциските слузби и имплементација на правилата е хаусмајстор.

Токму инспекциските служби и нивното менаџирање бара исклучително познавање на законските правила и прописи и голема стручност и професионалност, додека Жерновски ова место му го препуштил на некомпетентно лице како што може да се види од решението.