Жестоки дискусии околу новиот закон за абортусот

120

Во македонското Собрание во понеделникот се одвиваше жестоката јавна расправа за законот за абортус, а присуството им беше оневозможено на претставниците на двете најголеми верски заедници во земјата, иако и тие имаат забелешки и не се согласуваат со новото законско решение.

 

Од Комисијата за здравство се правдаат дека Македонија е секуларна држава и верски заедници можат да имаат свое мислење, но не и да одлучуваат во законодавниот дом. Сепак, кога се одлучуваше за Законот за трансплантација се бараше консултација и согласност и од нив. За дел од невладиниот сектор е исправна одлуката на парламентот да нема религиозни претставници на дискусијата.

Па и ако ги навредам нема да згрешам, Господ е најголем непријател на жената, вели Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.

Дали жената треба да има слободно право на абортус предизвика жестока расправа во парламентот.  Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ застана зад новото полиберално законско решение, наспроти претставници од граѓански организации кои се против прекин на бременоста.

Дојде живот ама не и за неродените бебиња. Зошто да не роди кога потоа тоа бебе може да биде дадено на посвојување, вели Светлана Јованова од здружението Лидија – срце што чука.

Имам син од 16 години, го родив на 25 години кога мои другарки излегуваа, но јас решив дека сакам да станам мајка. Овој закон е за доброто на сите жени и ги повикувам моите колешки од ВМРО-ДПМНЕ да дадат подршка, рече Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

Во образложението на законот, гинеколозите истакнаа дека жената нема да чека три дена за изведување на абортус а нема да оди и на задолжително советување. До деветтата недела ќе има и медикаментозна терапија за прекин на бреемноста.

По 12-та седмица за абортус, лекарот може да побара мислење и од друг специјалист, додека по 22 недела ќе има првостепена комисија, изјави Ана Павлова Данева од Клиника за Гинекологија.

И додека денеска верските заедници беа исклучени од јавната расправа, за Законот за трансплантација се бараше консултација и согласност и  од нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.