12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Зетот на претседателот на СДСМ во Охрид вработен во М-НАВ за плата од 120.000 денари

Во екот на кампањата за претседателските избори, како и за локалните во Охрид и Ново Село, на повидок е нов скандал со непотизан во владејачката партија, откако медиумите откриваат дека зетот на претседателот на СДСМ во Охрид е вработен во М-НАВ за плата од 120.000 денари

Иако Зоран Заев откако зaгyби огромни 200.000 гласови за помалку од една година и поради тоа најави „метла“ за функционерите, нов корупциски cкaндал ја тресе власта. Станува збор за Антонио Кочовски, кој е зет на висок функционер на владеачката партија, односно на претседателот на Општинската организација на СДСМ Охрид ,Лазар Таневски.

Кочовски неодамна е примен на работа во М- НАВ Контрола на летање со неверојатна за македонски услови плата од 120.000 денари. Според порталот „Инфомакс“ за вработувањети на зетот на Таневски ypгиpaл Николче Тасевски зет на министерката за правда Рената Дескоска. Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Охрид е и сопственик на хотелот „Лаки“.

Високите плати во М-НАВ очигледно се примамливи за роднините и кадрите на раководството на владејачката партија, па така во оваа компанија во текот на минатата 2018 годи на често беше посочувана во медиумите поради партиски непотизам во која се вработеле триесетина роднини на министри и високи функционери на СДСМ.